Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека компанијата Марковски, блиска до екс претседателот на СДСМ Зоран Заев и актуелниот претседател Венко Филипче, го олеснила буџетот на државата за 100 милиони денари, а судот доделува куќен притвор на сопственикот, наместо ефективен притвор.
„Марковски компани кој сега е фатен на дело за местење на тендер, години наназад во соработка со Заев и Филипче, заработи над 200 милиони евра.
Јавноста заслужува одговори, каде завршија милионите од тендерите? Дали Заев и Филипче ги вложија во бизниси во Бугарија или Дубаи? Или пак во јахти, авиокомпании и златни визи?
Криминалот кој со години го правеле Заев, Филипче и Марковски компани е на чекор од амнестија, благодарение на пулените на СДС во судството.
Но, одговорноста доаѓа. Нема да дозволиме судството на СДС и ДУИ да ги ослободува криминалците кои царуваат благодарение на нив. Време е криминалците наместо на улица, да бидат зад решетки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Читај и ова:
- 1.По објавата на Трамп, криптовалутите се урнаа како никогаш досега
- 2.Најголемиот транспортен проект во историјата на Европа: Ќе ги поврзе сите поголеми градови
- 3.Северна Кореја ја покажа својата нова ракета на воена парада, вели дека е најмоќна
- 4.Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 21 степен
- 5.Вирална фотографија: Бекам (183 см) помеѓу Шак (216 см) и Минг (229 см)