Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кривична за надлежните кои дозволиле поликлиника да врши операции без лиценца

ВМРО-ДПМНЕ: Кривична за надлежните кои дозволиле поликлиника да врши операции без лиценца

Кривична одговорност за сите надлежни во власта кои дозволиле поликлиника да врши операции без лиценца.

Со привидното тргање на Ирина Бухова од чело на ДСЗИ, не се завршува случајот со поликлиниката Промедика, која вршела операции без дозвола. Одговорност мора да има за сите надлежни.

Не само заминување од функција, туку и кривична одговорност за Бухова и за Филипче, кој како министер за здравство дозволил незаконие.

Додека народот ги плаќал Бухова и Филипче да се грижат за здравството, тие премолчувале работење без лиценца.

Со СДСМ во здравството, граѓаните не се сигурни за своето здравје, дури и откако ќе посетат здравствена установа. Одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори здравството да биде водено од интереси на тесна клика луѓе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни