Кога инаетот и политиканството е посилно од конструктивноста и интересот на граѓаните, тогаш сигурно се работи за Левица, велат во соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ.
„Левица денес во Советот на град Скопје не гласаше за новиот ребаланс на буџет со кој се инвестира во нови паркови, булевари, улици и мерки за почист воздух.
Скопјани треба да знаат дека со новиот ребаланс се предвидува, а Левица не гласаше и не поддржа:
-Изградба на парк Христијан Тодоровски Карпош
-Изградба на парк Лепенец
-Започнување со изградба на 50 мини паркови
-Реконструкција на улица Фрањо Клуз
-Кружен тек во Ѓорче Петров
-3та лента на Булевар Александар Македонски
-Булевар Хрватска
-Булевар Асном
-Клучката кај Момин Поток
Покрај овие проекти се обезбедуваат и средства за изработка на проекти за повеќе улици меѓу кои се Шарпланинска, Бутелска, Радишанска, Кружен тек кај Тобако 2 и други.
Блокадите и кочењата се одлика на Левица. Тие треба да објаснат зошто работат на штета на Скопјани“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.