ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане да ја злоупотребува трагедијата во Кочани – правдата мора да биде неселективна

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше со oстро соопштение на ставовите изнесени од СДСМ во врска со трагедијата во Кочани, обвинувајќи ја владејачката партија за „дволичност и злоупотреба на човечки судбини“.

Од партијата велат дека додека од една страна Венко Филипче повикува на единство, од друга страна, како што наведуваат, „СДС преку судот одредува кој да биде уапсен, а кој не“.

„Не ја разбираме радоста на СДС да ликува од трагични настани како во Кочани. Нивната дволичност јавноста може да ја види…“ – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, каде Филипче се посочува и како „директно одговорен“ за трагедијата со модуларната болница во Тетово, во која загинаа 15 лица.

Партијата обвинува за „некрофилско однесување и злоупотреба на трагични случаи“ како што ги наведуваат случаите со Фросина, Мартин Нешкоски, Диво Насеље и Тамара, обвинувајќи ја СДСМ дека „гради политичка среќа врз колективни несреќи“.

„СДС треба да покаже минимално достоинство и почит,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека истрагата за трагедијата во Кочани не смее да биде селективна и дека во процесот се опфатени лица од различни политички партии, вклучувајќи СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, но и непартиски личности.

„Ова не е битка на партии, туку барање на правда. И ќе има правда,“ порачуваат од опозициската партија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното