ПРатеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски кажа дека СДСМ во измиантите денови покажала недржавничко однесување, со тоа што ќе гласа против Законот за позајмицата од Унгарија.
„Пропаднаа сите обиди на СДСМ да спречи финансирање на капитални проекти во општините ширум Македонија и на поволни средства за инвестиции на приватниот сектор.
СДСМ во текот на изминатите денови покажа недржавничко однесување обидувајки се да спречи изградба на нови градинки, училишта, игралишта, катни гаражи, улици и други бројни инфраструктурни проекти.
Проектот за 250 милиони евра за општините годишно е одобрен од граѓаните на избори, а опозициската СДСМ во паника и уплав продолжува да работи против интересот на граѓаните, како до сега.
Во оваа прилика сакам да потенцирам дека, СДСМ нема никаков кредибилитет да зборува за задолжување затоа што тоа е партијата која јавниот долг го зголеми до рекордни 9 милијарди евра и над 60% од БДП. Ваквата алармантна состојба со јавниот долг допринесе за каматната стапка на последната еврообврзница што ја зема двоецот СДСМ ДУИ во 2023та година да достигне високи 6,25 т.е. речиси 100% повеќе отколку заемот кој денес сакаат да го спречат.
Почитувани граѓани и стопанственици, на огромно задоволство би сакал да ве известам дека обидот на СДСМ да спречи 250 милиони евра да завршат во општински проекти за подобрување на јавните услуги и инфраструктура и 250 милиони евра за евтини кредити за развој, раст и нови работни места во приватниот сектор не успеа.
Новото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија ќе продолжи да работи во корист на подобар животен стандард на сите граѓани безразлика на сите опструкции од опозициските СДСМ, ДУИ и Левица.“, изјави Стојаноски.

