ВМРО-ДПМНЕ: Создавањето на некакви зони без Aлбанци е единствено во главата на Ахмети и бегалецот Артан Груби

Од ВМРО-ДПМНЕ вратија со реакција по повод соопштението на ДУИ.

Тие велат дека создавањето на некакви зони без Aлбанци како што наведува ДУИ во соопштението е единствено во главата на Али Ахмети и бегалецот Артан Груби. 

„Има ли поголема зона без Aлбанци кojа ДУИ и Ахмети ја направија по нивното над 20 годишно владеење каде избркаа десетици и стотици илјади луѓе надвор од државата по потрага по подобар стандард. 

И ова нивно соопштение е уште една лага и манипулација затоа што во владиниот тим советници има и Aлбанец, а тоа е професорот Шенер Биљали кој е надворешен советник на премиерот за односи меѓу заедниците, како и уште неколку национални координатори кои се Aлбанци. 

Ние за разлика од ДУИ политиката не ја гледаме низ призма дали некој е Mакедонец или Aлбанец, туку единствено низ призма на компетенции и способност, нешто што е мисловна именка за ДУИ. 

А секогаш кога ДУИ е наводно загрижена за Aлбанците се знае дека е највеќе загрижена за своите лични и бизнис интереси. 

И кога сме на оваа тема, добро е да се произнесе коалицискиот партнер на ДУИ, Левица што мисли и кој е нивниот став за лажната загриженост на ДУИ за создавање на зони без Aлбанци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното