Македонија

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја поднесе интерпелацијата за Талат Џафери

Пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ утре официјално ќе ја поднесе интерпелацијата за собранискиот спикер Талат Џафери.

Ова стана јасно по денешната прес конференција на Дафина Стојановска.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини спикерот дека направил кривично дело, го загрозил слободното движење на пратениците и го прекшил Уставот.

Доколку се поднесе интерпелација, според Деловникот за работа, Џафери треба интерпелацијата да ја достави до пратениците, а и самиот да ја разгледа. Има 15 дена да достави писмен одговор до пратениците, а по истекот на овој рок, мора да ја стави на дневен ред на првата наредна седница на Собранието.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни