Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не заборава криминални тендери, ама затоа заборава учебници за децата

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не заборава криминални тендери, ама затоа заборава учебници за децата

„Министерот за образование е целосно одлепен од реалноста. Неговата изјава дека ја почнуваат учебната година поподготвени од претходните би била смешна да не е трагична. Почетокот на учебната година повторно ја изненади неспособната власт на СДС и ДУИ. За жал први септември ќе го дочекаме без учебници, без свидетелства за завршена претходна година, без главни книги за наставниците и многу други пропусти. Целосна неподготвеност. Очигледно оваа власт е зафатена со криминалот и корупцијата затоа се случува распад систем во секоја област. Најстрашно е што неспособноста и криминалот на власта паѓа на грбот на учениците, наставниците и родителите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека учебната година почнува без испечатени учебници за децата во прво, второ, четврто и петто одделение.

„Власта која не пропушта навреме за себе да си набави службени возила, мебел, шкампи, виски и октоподи, не обезбедила навреме учебници за учениците. Очигледно криминалот е врвниот приоритет на оваа влада. Со учебниците прават пиши бриши, укинуваат предмети, тераат матни набавки и за жал ги забораваат најмладите. Уништувањето на образованието како да е целта на оваа власт, бидејќи дерогирање на образованието води кон забрзано уништување на државата. Ова мора да престане, а најдобар начин е оваа антимакедонска власт предводена од СДС да си замине од власт“, велат од опозициската партија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни