„Додека Зоран Заев ги распродава највисоките национални и државни интереси, фирмите блиски до криминалниот картел на власт добиваат милиони евра на нивните сметки. Скандалот со Фондот за иновации и криминалната поделба на 10,5 милиони евра на фирмите на функционерите на власта и нивните роднини и скандалот во Министерството за здравство кое сакаше да додели 35 милиони евра, не се единствените. 45-те милиони евра не се единствените кои се одлеваат од џебот на граѓаните на сметките на фирми блиски на СДСМ“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму тврдат дека нов тендер за набавка на возила за потребите на државните институции доби фирма донатор на СДСМ.
„Имено, се работи за кумановската фирма Делукс – Ауто која го доби тендерот и од Централниот регистер на Македонија во вредност од на 8.3 милиони денари за набавка 11 моторни возила. Лани без тендер, во четири очи Делукс Ауто Куманово направи зделка тешка еден милион евра со Министерството за внатрешни работи и Оливер Спасовски за набавка на 45 шкоди. Соседите на Оливер Спасовски може немале да понудат некоја иновација, но за тоа повторно успеа да добијат тендер тежок над 8.3 милиони денари. Иако ова компанија не увозник, тука е само дистрибутер на возила, кога се работи за добивање на тендер од државните институции е иновативна во понудите и фаворит на јавните набавки.“, рекоа на денешната прес конференција.
Извор: Makfax