Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев повторно ги лаже пензионерите, прво им зема 1400 денари, а сега им ветува покачување

ВМРО-ДПМНЕ со реакција по изјавата на премиерот Зоран Заев дека пензиите ќе се покажат за 900 денари идната година.

„Зоран Заев повторно ги лаже пензионерите. Заев им зема 1400 денари на
пензионерите, а сега ги лаже со покачување од 0.4%.

Да не беше трагично ќе беше смешно. Во услови кога трошоците на живот
енормно растат, пензиите тапкаат во место.

Изјавата дека ќе има некакво покачување не пензиите, кое не е доволно
ниту за еден леб е предизборен поткуп и манипулација со граѓаните.

Пензионерите ги очекуваат своите 1400 денари кои Заев им ги зеде, а не
20 тина денари како што сака да им продаде пред избори.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни