ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев спротивно на интересите на македонскиот народ ги погази демократијата, правото и правдата

Капитуланскиот режим на аболицираниот Зоран Заев и неговата криминална банда е изворот на се она што значи раздор во македонското општество.

Аболицираниот Зоран Заев со мафијашките методи на неговата банда добрани во власта за една намена – промена на Уставот со цел бришење на уставното име Република Македонија и идентитетот на Македонците, со својот систем на репресија и затворање на луѓе неистомисленици ниту може, ниту ќе спроведе право и правда.

Зоран Заев и неговата мафијашка банда, спротивно на интересите на македонскиот народ, и спротивно на јасно изразената референдумска волја, ги погази демократијата, правото и правдата. Тоа не се европски прозападни вредности кои се стратешки цели Република Македонија.

Аболицираниот Зоран Заев не само што креира политички процеси туку и најавува пресуди. Аболицираниот криминалец Зоран Заев отворено се меша и влијае врз судството, а за тоа сведочи цела нација.

Аболицираниот Зоран Заев, турка обид за замајување на јавноста и со најави за некакви комисии во Собранието на Република Македонија повторно прави обид за селективна правда што во суштина е неправда.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисии кои треба да обезбедат селективна слобода само за оние кои учествуваа во предавството на народната волја и насилно режираното гласање за потреба за уставни измени произлезени од отфрлениот капитулантски договор со Грција.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата за 27-ми април и власта, доколку е за вистинско помирување и правда за сите, истиот предлог ќе го прифати. Текстот на овој предлог закон од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поднесен на разгледување до сите парламентарни партии.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното