„Внатре нешто смрди“: Ивона Јовановиќ жестоко „распали“ по „Ѕвездите на Гранд“

Се појави на сцената на Гранд и ги освои сите со својот глас. Кумановката Ивона Јовановиќ постојано добиваше пофалби дека одлично пее но добиваше и критики за нејзиниот изглед, односно за вишокот килограми.

Ивона немаше доволно среќа, па не стигна многу далеку. Меѓутоа, тоа не ја обесхрабри и таа повторно се појави во дванесетата сезона, односно претходната година.

И по вторпат, кумановката не стигна до самото финале, но овој пат одлучи да му каже збогум на „Гранд“ и на овој вид на наптреварување. По напуштањето на шоуто, Јовановиќ истакна дека нема повеќе да се пријавува.

На социјалната мрежа Инстаграм, во кратките прашања ја прашаа Ивона дали погрешила што оваа сезона не се пријавила повторно, таа одговори:

„Не, пакувањето е сменето. Внатре уште смрди“.

Нејзините следбеници и поставија уште неколку прашања за Гранд, зошто не се потрудела со својот глас и да го покаже својот талент.

„Затоа што не живеам да ги имприсионирам другите. Потенцијал и талент имам. Оној кој што верува во мене со ваков изглед заслужува да биде со мене и кога ќе сум по стандардите на опшеството. СЛАБА. Оној кој што не го прифаќа мојот изглед ваков, не заслужува да прави пари од мојот талент“, напиша Ивона.

Таа често е активна на социјалните мрежи и споделува фотографии од своите активности, па пред извесно време во кратките приказни на Инстаграм сподели фотографија од нејзината матура и како изгледала во алманах.

„Ивона ѕвезда наша ама понекад знае да ти се испонаша. Претседател со четири години мандат, кој се бореше за глас како прав лав. П.С Се извинувам во името на целиот клас пишувало во алманахот под фотографијата на Ивона.

Помеѓу постовите кои таа ги објавува, ве потсетуваме на оној кога Ивона објави фотографии од нејзиното детство, не она од алманахот туку кога била многу многу помала.

Ивона како дете:

Јовановиќ деновиве го снимаше видео записот за својата прва песна, а ќе настапи и на Макфест.

 

Извор: Вистина.мк