Јавното комунално претпријатие „Стандард“ попладнево информира дека водата за пиење може да се користи од корисниците, но по превривање.
„Ги известуваме корисниците, дека водата за пиење пред консумирање се препорачува да се преврива, поради сигурност на здравјето на граѓаните. Затоа бараме разбирање и внимание при користење на водата до следното известување“, стои во известувањето.
Причина за тоа е технички дефект на апаратурата во станицата за хлорирање, поради што водата нема да биде хлорирана до отстранување на дефектот.