Внимавајте: Магла на правецот Скопје – Тетово!

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива во зимски услови, главно по суви коловози и без забрани.

Според извештајот на ЈП „Македонијапат“ од 9 часот, забележлива е појава на магла на патниот правец Скопје – Тетово, каде видливоста е намалена на 100 до 150 метри.

Од претпријатието информираат дека сите патни правци во државата се проодни. Сепак, се предупредува на можна појава на поситни одрони низ клисурите и усеците. Се апелира до возачите за внимателно управување со возилата, строго почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот.