ВНИМАВАЈТЕ: На Нова година во Грција стартуваше голема новина за автомобилите!

Покрај граѓанската одговорност или автоодговорноста, годинава во соседна Грција е задолжително и автомобилското осигурување од елементарни непогоди.

Новото осигурување ќе биде задолжително за сите автомобили со грчки регистарски таблици.

Осигурувањето ќе важи за природни непогоди како пожар, поплави, земјотреси и штети поради одрони. Обврската се однесува и на приватни и на службени автомобили, со исклучок на автомобилите на државната администрација и јавниот сектор.

Експертите проценуваат дека осигурувањето ќе биде поскапено во просек за 12 евра.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното