Тимови на „Лајка“ успеале да да ослободат куче кое било фатено во стапица за диви животни на планината Водно. Како што велат од преторијатиеот по пријава на загрижени граѓани навниот тим заловувачи две недели ја посетувале локацијата и се обидувале да го залови кучето, кое за жал беше фатено во стапица за диви животни, која нелегално е поставена на планина Водно.
„Кучето беше преплашено и ни требаше повеќе време да го фатиме, но нашиот ветеринар, доктор Горан кој со многу трпение и упорност, даде се од себе да го ослободи од стапицата. Кучето е моментално е во нашето прифатилиште и нашите ветеринари даваат се од себе да ја санираат раната, ќе известиме за неговата состојба во текот на денот. Згорзени сме од овој настан, иако не е ова прв случај, се надеваме дека ќе биде последен, кучето било во огромни болки и ќе следи долг процес на заздравување и социјализација за да му ја вратиме довербата во луѓето“, велат од „Лајка“.
Од претпријатиеот апелираат до сите граѓани кои одат на Водно да пазат за својата безбедност и безбедноста на своите миленици поради поставени стапици. Настанот ќе биде пријавен до МВР.