Падна потпорен ѕид во Веле.
Од општината апелираат граѓаните внимателно да се движат по улицата.
„На улица „Даме Груев“ над куќен број 3 (наспроти куќен број 8) во стариот стрмен дел на Велес под месноста Којник се сруши стар потпорен камен ѕид кој го потпираше трупот на улицата „Даме Груев“. До самиот ѕид, на работ на улицата има поставено дрвена бандера на која има инсталации. До преземање на потребните активности за поставување на соодветна сигнализација и до преземање на градежни активности за санирање на појавениот проблем, ги замолуваме граѓаните кои транзитираат на споменатата улица да возат внимателно и доколку се во можност да ја избегнуваат за движење и сообраќање“, велат од таму.