Во 2024 ќе имаме сезонски летови од Варшава до Охрид

Полската национална авиокомпанија „ЛОТ“ наредната летна сезона ќе воспостави нова сезонска авионска линија до Охрид.

Според најавите од „ЛОТ“, планирано е новата линија од аеродромот „Радом“ до аеродромот „Свети Апостол Павле“ да стартува на 24 јуни и да оперира еднаш седмично секој понеделник до 23 септември.

Билетите за новата авионска линија се достапни за резервации преку веб-страницата на авиокомпанијата.

Аеродромот „Радом“ се наоѓа на 110 километри од центарот на Варшава. Поранешниот воен аеродром во 2015 година беше пренаменет за цивилна воздушна пловидба и опслужување комерцијални летови.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното