Сите шест патници, меѓу кои и болно девојче и нејзината мајка, загинаа кога авионот се урна синоќа во Филаделфија.
Медицински транспортен авион, во кој имало болно девојче, нејзината мајка и уште четири лица, се урнал во населено место во Филаделфија веднаш по полетувањето. Властите денеска потврдија дека ниту еден од патниците од авионот не преживеал.
„Приватен Леарџет 55, медицински транспортен авион, кој полета од аеродром во североисточна Филаделфија со мајка, ќерка и четворица членови на екипажот се урна. Сите загинаа во трагичната несреќа“, потврди градоначалничката на Филаделфија Шерил Паркер.
Како што изјавила, авионот бил во воздух околу една минута, повикувајќи се на податоците за летот.
Се додава дека евиденцијата на летот покажува дека авионот бил во воздух „само минута пред да се урне“.
„Во тој реон имало многу присутни. Повредени има и на паркинзи, на улици, во автомобили и куќи во околината“, се додава во соопштението и се додава дека бројот на повредени допрва ќе се соопштува.