Вонредна состојба е прогласена на подрачјето на Бања Лука поради свлечишта и одрони предизвикани од обилните врнежи во изминатите неколку дена, изјави денеска началникот на Одделот за цивилна заштита во Бања Лука, Драган Бабиќ.
Бабиќ вели дека во реонот на градот имало масовно свлечиште, а најпогодена е населбата Бронзани Мајдан, како и дека сите расположливи екипи дежурале 24 часа.
Формирана е комисија од десет екипи кои од денеска ќе бидат на терен во сите месни заедници и ќе ги евидентираат штетите“, рече Бабиќ.