Во Бангладеш на два милиони луѓе им се закануваат поплави

На цивилите заробени во поплавите, меѓу кои и повеќе од 772.000 деца, итно им е потребна помош, соопшти УНИЦЕФ, пренесе Ројтерс.

„Децата претставуваат најранлива категорија и се изложени на зголемен ризик од неухранетост, заразни болести, трауми поради напуштање дома“, се додава во соопштението.

Поплавите досега однесоа најмалку десет животи откако предизвикаа лизгање на земјиштето во јужен Бангладеш.

Оваа земја се уште се опоравува од разорниот циклон што го погоди јужниот дел на Бангладеш на крајот на минатиот месец, потсетува Ројтерс.

Поплавите предизвикаа големи штети на инфраструктурата и поплавени се повеќе од 800 државни училишта, а 500 од нив се користат како засолништа за раселените, соопшти УНИЦЕФ.

Нанесени се и големи штети на посевите, соопшти Министерството за земјоделство.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното