Во Белград денеска се одржа протест наречен „Стоп за крвавите кошули“. Граѓаните најпрво се собраа пред Филозофскиот факултет, а потоа маршираа до Собранието и до српската национална телевизија. Протестот беше одржан поради незадоволство од политиките на власта.
На протестите немало никакви партиски обележја, а прусуствуваа лидери од поголемиот дел од опозицијата.
Учесниците на овој протест извикуваа пароли како „Излегувајте надвор“, „Нема да се спасите“. После поминувањето покрај Собранието, протесниот марш продолжи до зградата на Радио телевизија Србија.