Во Белград се одржа огромен собир на поддржувачите на Вучиќ: Заврши обоената револуција

Со развиорување на државното знаме долго 200 метри и широко 10 метри по двете централни улици на Белград, вчера започна тридневниот „универзален митинг“ наречен „Нема да се откажеме од Србија“, на кој српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани своите приврзаници по повод основањето на Движењето за народот и државата.

Централниот настан започна во 19 часот, а бината беше поставена на платото пред српскиот парламент, каде се собраа десетици илјади приврзаници на Вучиќ.

Вучиќ во својот говор ги нападна студентите и граѓаните кои протестираа, нарекувајќи ги уништувачи на државата и порача дека такви луѓе нема да владеат со Србија. Тој рече дека „обоената револуција заврши“ и презентираше 5 барања за решавање на кризата што трае од уривањето на настрешницата во Нови Сад во ноември минатата година, во која загинаа 16 лица.

Истовремено во Нови Пазар се одржа студентски протест под името „Слободата шета низ чаршијата“, а претходно се обидоа да ги спречат автобусите на жителите на Вучиќ да тргнат кон Белград, при што се случија неколку инциденти.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното