4NEWS.mk

Во Британија отстранет проблемот кој доведе до прекин на снабдувањето со струја

Националната електромрежа на Велика Британија соопшти синоќа дека е отстранет проблемот поради кој вчера немаше струја во делови на Лондон и во југоисточна Англија.

Поради прекин во снабдувањето со електрична енергија не сообраќаа возовите и не работеа семафорите, а имаше проблеми и на аеродромите.

– Имаше дефект на два генератори, што доведе до прекин на елетричното напојување во одредени делови на земјата, изјави портпаролката на Електромрежа, додавајќи дека проблемот е решен. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни