Илјадници државјани на Бугарија ги блокираа важните патишта во таа земја во знак на протест поради високите цени на горивата и зголемените даноци на старите автомобили од страна на државата, како и поради поскапена премија во осигурувањата на автомобилите.
Повеќе од 2.000 Бугари маршираа низ центарот на Софија и извкуваа „Мафија“, исфрустрирани поради пораст на животните трошоци.
Протести се одржаа и во повеќе од 20 града, а десетина возачи блокираа важни патишта, меѓу кои и патот кој води кон Грција. Некои од нив бараа оставка од премиерот Бојко Борисов.
Цената на горивата порасна минатиот месец, како резултат на порастот на нафтата на светската берза. Одлуката на Владата од 2019 да ги зголеми даноците, исто така резултираше со фрустрации на бугарските државјани. Просечната плата во Бугарија изнесува 575 евра, што е најниска во ЕУ.