4NEWS.mk

Во детската градинка во Миравци се уредува простор за јасли

Дваесетина дечиња на возраст од осум до 24 месеци, ќе бидат примени во простор од седумдесетина метри квадратни кој за нив се реновира и опремува во детската градинка во Миравци која работи во состав на централната градинка „Детска радост“ од Гевгелија.

Од Општина Гевгелија денеска потврдија дека е направена обиколка на објектот во кој се работи на поставување нова електрична и водоводна инсталација, нов под, се бојадисуваат ѕидовите и се поставуваат теписони.

За дечињата во јаслите, од сопствени средства се набавени нови креветчиња, клима уреди и постелнина, а веќе почна и комплетното уредување на санитарните јазли според возраста на дечињата.

Интерес за престој и згрижување на нивните деца во групата јасли пројавиле 11 родители, но се очекува нивниот број да се зголеми. Детските јасли во Миравци се очекува да почнат со работа идниот месец. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни