ВО ЏЕБОВИТЕ НА УБИЕЦОТ НАЈДЕНИ 80 КУРШУМИ: Нови информации по масовното убиство во Цетиње

Дури 80 куршуми се пронајдени во џебовите на Ацо Мартиновиќ, убиецот кој вчера го изврши масакрот во Цетиње кој го потресе регионот. Покрај муницијата пронајдена во неговите џебови, во магацинот на пиштолот биле пронајдени и неколку куршуми калибар 9 милиметри.

Ацо Мартиновиќ синоќа си пукал во глава во близина на семејната куќа во Цетиње, а починал на пат кон Цетинската болница, откако извршил убиство во Цетиње.

Ацо Мартиновиќ вчера нешто по 17 часот и 30 минути уби четири лица во кафаната „Велестово“, во близина на Спортскиот центар.

Потоа убил уште четири лица и ранил едно лице во Бајице, а потоа убил две деца во населбата Хумчи, а потоа ја убил својата сестра и уште едно лице во Доњи Краји.

Меѓу убиените има три жени и две момчиња, двајца браќа на возраст од 10 и 13 години.