Во државава има 183 амбулантни возила – министерствата и општините имаат на располагање 2.645 патнички возила

По денешниот случај со Струмица, каде јавно директорот бараше донации за ново амбулантно возило ТВ21 потсетува на тоа, колку во земјава имаме амбулантни и санитетски возила. Според податоците од Центарот за граѓански комуникации, а добиени од здравствените институции во земјава, Струмица има четири амбуланти возила.

Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, кои им се ставени на располагање на 47 здравствени институции.

gaf

Просечната старост на амбулантните возила е 11 години, односно тие се просечно произведени во 2008 година. 13% од возилата се произведени во минатиот век, односно пред 2000 година.

Најстари се две возила произведени во 1988 година, што се користат во Струга и во Отешево. Едно возило, на Здравствениот дом од Кичево, има поминато дури 1 милион и 360.000 километри.

Просечна вредност на едно возило изнесува 38.900 евра (институциите доставиле податоци за вредноста на 139 од вкупно 183 возила).

Најмногу амбулантни возила има во Скопје, 30 и во Охрид и Битола по 12. Во Велес и Куманово има по 8, а во Делчево, Кичево, Струга, Тетово и Прилеп по 7 возила.

grafff

Кога станува збор за марката на возила, убедливо најзастапена марка е Рено од која има 66 возила, по што следуваат Ситроен и Фиат со по 22 возила.

Двете најскапи возила од 153.460 евра и 137.260 евра ги поседува Клиниката за детски болести од Скопје, додека третото од 103.360 евра е на Клиничката болница Битола. 

Најмногу од возилата, односно 30% институциите ги добиле како донација од Министерството за здравство. Со сопствени средства купиле само 23%, додека 12% од возилата ги добиле како домашна донација (од други институции или лица), а 11% како странска донација. За 23% од возилата нема податок за основата за стекнување. 

grtaffffffffff

За споредба со амбулантните возила, министерствата и општините (според базата на податоци што Центарот за граѓански комуникации ја објави во октомври 2018 година) имаат на располагање 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 15-то патничко возило доаѓа по едно амбулантно возило.

graf4444444

Базата на податоци на сите амбулантни и санитетски возила е изработена врз основа на податоци обезбедени од здравствените институции во земјава: здравствени домови, клиники и клинички болници, општи и специјални болници, заводи, институти, здравствени станици и центри за јавно здравје, врз основа на доставено барање за информации од јавен карактер во јануари 2019 година. Оттука, за точноста на податоците одговорноста ја имаат овие институции како иматели на овие информации. Сите 90 здравствени институции одговорија на испратените барања. Од нив, 47 одговорија дека имаат вакви возила, додека останатите 43 институции дека не располагаат со амбулантни возила. Во базата се вклучени и 12-те амбулантни возила набавени од Министерството за здравство, а распределени на користење за потребите на здравствените институции од целата земја.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното