Во експлозија во фабрика за пиротехника во Кина загинаа најмалку 26 лица

Најмалку 26 лица загинаа во експлозија во кинеската покраина Хунан.

Властите денеска на прес-конференција соопштија дека 61 лице е повредено, пренесува Синхуа.

Се вчитува...

Градоначалникот на Чангша, Чен Бочанг, изрази сочувство до семејствата на жртвите и упати извинување до погодените жители и до целото општество.

Експлозијата се случила во фабрика на компанијата „Хуашенг“ за производство и подготовка на огномети.