Во Германија има недостиг на јајца поради птичји грип

Во Германија има недостиг на јајца бидејќи поради птичји грип е уништена голем број живина, а за обновување на живинарските фарми потребни се најмалку седум до осум месеци, пишува Билд.

Весникот наведува дека моментално побарувачката далеку ја надминува понудата на јајца на пазарот и покрај високите цени.

Генералниот директор на Централната асоцијација на германската живинарска индустрија Волфганг Шлајхер изјави дека во Германија во моментов се уништува живината на неколку фарми поради инфекција со птичји грип, пренесува Танјуг.

Шлајхер истакна дека, според последните научни откритија, јајцата се „суперхрана“, а не фактор на ризик за добивање холестерол.

Недостаток на јајца има во САД и Австралија, исто така поради птичјиот грип.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното