Македонија

Во големата полициска акција во Арачиново запленета дрога и оружје

Доцна вечерва ТВ21 објави дека во скопското село Арачиново има голема полициска акција. Според последните неофицијални информации, голема количина на дрога и оружје е пронајдено и запленето во селото.

Како што дознава неофицијално 4NEWS.mk запленета е голема количина на марихуана и две пушки АК-47.

На лице место се наоѓаат над 30 припадници на МВР.

Од МВР само ја потврдуваат информацијата, а за повеќе информации ќе бидат соопштени по завршувањето на акацијата.

На медиумите им е забрането известување од лице место, поради безбедносен обрач кој е формиран.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни