Украинскиот актер и ТВ водител Паша Ли е убиен во руското гранатирање на Ирпин, град западно од Киев, пишува Индепендент. Имаше 33 години.
Ли минатата недела се приклучи на територијалната одбрана на Вооружените сили на Украина, а на социјалните мрежи објави свои фотографии во воена униформа.
View this post on Instagram
Последен пат на Инстаграм објави пред три дена.
„Во последните 48 часа, имавме шанса да седнеме и да се фотографираме додека не бомбардираат… Но, се смееме затоа што ќе успееме, ќе се браниме. .. Да се обединиме!“ напиша Паша во саботата.
View this post on Instagram
Неговата колешка и актерка Анастасија Касилова се прости од актерот на социјалните мрежи.
„Тој беше актер, ТВ водител, мој колега и добар познаник… Ова никогаш нема да го простам“, напиша таа.
Патем, во 2017 година, Ли го сними спортскиот акционен филм The Fight Rules. Ги синхронизираше и филмовите „Кралот лав“ и „Хобит“. Еден од неговите последни проекти беше ТВ-драмата Provincial од 2021 година.
