Во Грција најтоплиот јуни од 2010 година

Овој јуни беше најтопол во Грција од 2010 година, покажуваат податоците на Националната опсерваторија на Атина со 53 метеоролошки станици.

Метео.гр пренесува дека овој јуни низ земјава се забележани значителни позитивни температурни отстапувања, објави Катимерини.

Во Централна Грција и на Пелопонез забележани се температури кои во просек достигнаа до 4,8 степени Целзиусови над нормалата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното