Во интерес на ЕУ и Велика Британија е да има договор, ќе презентирам законски и политички гаранции, вели Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека во најдобар интерес на Европска унија и на Велика Британија е да постигнат договор за Брегзит. Таа најави дека на Самитот на ЕУ во Брисел ќе ги запознае лидерите на Унијата со законските и политичките гаранции неопходни за договорот за Брегзит да биде прифатен во британскито Парламент.

– Ќе разговарам со ЕУ лидерите за тоа што е потребно за овој договор да биде прифатен. Ќе ги презентирам законските и политичките гаранции кои ни се потребни за да се одговори на загриженоста на членовите на британскиот Парламент, посочи Меј.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното