Во Истанбул започнаа преговорите меѓу Украина и Русија

Преговорите меѓу Русија и Украина почнаа во Истанбул, а турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го започна воведниот говор на првите разговори меѓу руската и украинската делегација по три години, пренесува РИА Новости.

Преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул се водат зад затворени врати, а на преговарачка маса се девет претставници на Руската Федерација и 11 претставници на Украина, јавува дописникот на руската агенција.

Пред почетокот на преговорите, делегациите ги поздрави турскиот министер Фидан, кој одржа говор во присуство на медиумите.

Тој рече дека Турција е задоволна што ги гледа делегациите од Русија и Украина во Истанбул и оти смета дека е важно Русија и Украина да ги послушаат повиците за мир на американскиот претседател Доналд Трамп и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Фидан нагласи дека делегациите на Руската Федерација и Украина мора сами да одлучат дали ќе има мир или ќе „продолжат со деструктивниот конфликт“.

Тој исто така рече дека Анкара искрено верува дека разговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул може да доведат до мир доколку страните заземат конструктивен пристап.

Првите директни преговори меѓу Русија и Украина во последните три години се одржуваат во Истанбул на предлог на рускиот претседател Владимир Путин.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното