„Во ЈП Национални шуми се примени 320 секачи и дотурачи, но само 2-3% од нив работат во шума, другите седат по канцеларии“, вели Трајанов

Здравко Трајанов директор на ЈП Национални шуми во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше и за проблемите со вработувањата во претпријатието.

„Претходната влада криминалот го решаваше со закони или договори. 450 нови вработувања на неопределено време во ЈП, од кои 320 се примени на име секачи, дотурачи. Само 2-3% се реални шумски работници, се останато е администрација. Тие во шума не работат. Остануваат на местата каде претходната власт ги распределила“, рече Трајанов и дополнува:

„Секој одговора на работните задачи. Ако некој прифатил да работи секач, тој треба да ги извршува задачите. А, секачи немаме терен. Од вработени 1700, реални секачи имам не повеќе од 60, а се примени повеќе од 200 секачи. Но, ако некој прифатил да работи секач, треба да си ги извршува задачите. Во спротивно јасен е законот“, вели Трајанов.