Триесет и тригодишен гостиварец попладнево пријавил оштетување на возилото откако претходно се расправал со сограѓанин.
Од СВР Тетово информираат дека настанот кај нив телефонски бил пријавен во 15:20 часот од страна М.С. (33) од Гостивар. Тој според пријавеното, претходно го паркирал автомобилот “бмв” со гостиварски регистерски ознаки на улица “Илинденска” во близина на трговскиот центар. Набрзо, потоа Б.Т. (54) кој бил во близина реагирал по што настанала расправија.
Од полициската станица Гостивар сочинет е записник, а детаљите околу случајот ќе се утврдуваат дополнително.
Дел од порталите објавуваат дека напаѓачот е пратеникот од СДСМ Благојче Трпески и дека бил во видно алкохолизирана состојба кога се случил инцидентот. Притоа претставувајќи се како пратеник, се повикал на својот пратенички имунитет и полицијата не му направила алкотест, објави на својот Фејсбук профил пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ:

Во февуари година во тешката сообраќајна несреќа на „Дурмо турс“ од Гостивар загина неговиот син, кошаркарот Јовица Трпески.