Во Киев одат лидерите на Полска, Литванија, Летонија и Естонија

Лидерите на Полска, Литванија, Летонија и Естонија патуваат во Киев на средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Во објавата споделена на Твитер профилот на естонскиот претседател Алар Карис, се гледа дека лидерите дале фотографија надвор од возот на Украина, но не се наведени детали за посетата.

Карис во изјавата рече: „Ние сме во посета на Украина со Анджеј Дуда, Гитанас Науседа и Егилс Левитс за да ја покажеме нашата силна поддршка на украинскиот народ, ќе се сретнеме со нашиот драг пријател, претседателот Зеленски“.

 

Покрај Карис, на посетата присуствуваат и претседателот на Полска Анджеј Дуда, претседателот на Литванија Гитанас Науседа и претседателот на Латвија Егилс Левитс.