До 11 часот на локалните избори што се одржуваат денеска, во Општина Кочани своето право на глас го искористиле 3.215 граѓани од вкупно 32.446 запишани избирачи, што претставува излезеност од 9,91 отсто, соопшти Општинската изборна комисија (ОИК).
Во споредба со парламентарните избори од 2024 година, излезеноста во Кочани е значително помала. Лани, до истиот термин, гласале 4.800 избирачи, што значи дека годинава на гласање излегле 1.585 гласачи помалку.
Според информациите од ОИК, гласањето се одвива мирно и без инциденти, а изборниот процес тече редовно и коректно.