Во Кривичен продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обвинети се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, кои не се чувствуваат виновни.

На претходното рочиште, обвинителството презентираше материјални докази, вклучувајќи предмети од местото на настанот и технички извештаи за возилото „Рено Кангу“. Предложено е и изведување видео-докази, но одбраната на Палевски побара дополнително време за увид.

Обвинетите, според обвинението, испланирале грабнување на 14-годишната Вања за изнуда, а Панче Жежовски бил киднапиран за да им го предаде своето возило.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното