Во Македонија на крајот на 2025 година имало активни 2,74 милиони мобилни конекции, покажуваат податоците од „GSMA Intelligence“.
Оваа бројка е значително поголема од вкупниот број на жители и е еквивалентна на 151 процент од вкупното население во октомври 2025 година.
Извештајот дава и контекст за оваа статистика, појаснувајќи дека не е невообичаено бројот на мобилни конекции да го надмине бројот на населението, бидејќи многу луѓе користат повеќе од една конекција. На пример, едно исто лице може да има една конекција за приватна употреба и посебна конекција за работни активности. Подемот на eSIM картичките го олесни ова во последниве години.
Според податоците, бројот на мобилни конекции во Северна Македонија се зголемил за 58 илјади (+2,2 отсто) помеѓу крајот на 2024 и крајот на 2025 година.
Податоците на „GSMA Intelligence“ исто така сугерираат дека 92,3 отсто од мобилните конекции во земјава сега може да се сметаат за „broadband“ (широкопојасни), што значи дека се поврзуваат преку 3G, 4G или 5G мобилни мрежи.
Сепак, во извештајот се предупредува дека уредите што се поврзуваат на „broadband“ мрежи не мора да значат дека користат мобилен интернет. Како пример, се наведува дека некои претплатнички планови може да вклучуваат само пристап до гласовни и СМС услуги, така што оваа бројка не треба да се смета како директен показател за користењето мобилен интернет.