Во недела уличен форум: „зошто нашите градови се небезбедни“

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска најавија уличен форум на тема „зошто нашите градови се небезбедни“.

Како што велат, истиот е закажан за недела (09.02.2025) во 12:00 часот.

„На Уличниот форум „ЗОШТО НАШИТЕ ГРАДОВИ СЕ НЕБЕЗБЕДНИ?“, ги собираме сите идеи и предлози за посигурни улици – од железнички градски превоз во Скопје, до урбанистички промени за подобрување на сообраќајната култура.

Со затворање на раскрсницата пред Зоолошката градина, се обединуваме со пошироката и стручна јавност и испраќаме недвосмислена порака – безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност.

Постојат конкретни и изводливи решенија за создавање поуреден, безбеден и функционален урбан простор. Време е сите заедно, како општество, да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во нашите домови и на улиците каде што живееме, работиме и движиме секојдневно“, велат од таму.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното