Македонија

Во Охрид утре ќе има вежбовно гаѓање со боева муниција

Во Охрид утре ќе има вежбовно гаѓање со боева муниција

Полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид утре (28.05.2026 година) од 08:00 часот на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција.

Пред почетокот на активностите ќе бидат преземени соодветни безбедносни мерки, вклучувајќи теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел да се оневозможи влез на граѓани во безбедносните зони.

Медицинско обезбедување за време на вежбовното гаѓање ќе вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид.

Од СВР Охрид упатуваат апел до граѓаните кои се движат во подрачјето околу стрелиштето да ги почитуваат поставените ознаки и натписи за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да ги следат насоките на полициските службеници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни