Ако печете месо во алуминиумска фолија, ставете го парчето месо на сјајната страна на фолијата.
Убаво завиткајте го да не истече потоа маснотијата или сокот.
Истото направете го и со зеленчукот.
Кога е во прашање месото, важно е да знаете и како да го чувате истото.
Сите правиме грешка кога станува збор за месото и неговото чување во фрижидер.
Свежото месо никогаш не го замотувајте во кесе, бидејќи така побрзо ќе се расипе и ќе го смени вкусот.
Месото се држи во керамички сад, поклопено со чинија.
Ако не се употребува во рок од неколку дена, веднаш замрзнете го.
Одледеното месо се држи најмногу 48 часа во фрижидер пред спремање.