Во ресторан во Верона дели бесплатни шишиња вино, но има еден услов

ВЕРОНА во Италија неодамна стана побогата за уште еден ресторан кој дефинитивно се разликува од бројните други ресторани во овој град.

Имено, ресторанот Al Condominio ги охрабрува своите гости да имаат вистинска дигитална детоксикација, така што доколку вечераат без мобилен телефон, ќе добијат бесплатно шише вино.

Во денешно време сè почесто сме сведоци на фактот дека луѓето не можат да изедат ниту еден оброк во ресторан без да пишуваат на мобилните телефони, да ја сликаат храната или да прават селфи, а овој ресторан реши барем да се обиде да стави крај на тоа.

Бесплатно вино ако можете да живеете без вашиот мобилен телефон

На самиот влез во ресторанот има кутии со клучеви каде што гостите можат да ги остават своите мобилни телефони пред да седнат на маса, за да можат подобро да се релаксираат без мобилните и навистина да уживаат во вечерата, а за тоа ќе бидат наградени со бесплатно шише вино.

Секој пар или секој четврти човек во голема група што ќе се согласи на тоа добива бесплатно шише Maia Wine Pinot Noir, а идејата е на сопственикот на ресторанот Al Condominio, Анџело Лела. Тој рече дека дошол до идеја да се обиде да се избори со опсесијата на неговите гости со технологијата.

А за навистина да заслужат бесплатно шише вино, гостите без мобилен телефон мора да издржат цела вечера – така што нема повеќе фотографирање храна на која сме толку навикнати. Мобилниот телефон ќе биде цело време безбеден, заклучен во кутијата, а келнерот само треба да го покаже клучот од кутијата и веднаш ќе донесе бесплатно вино. Како за оваа идеја?