Родителите и семејствата на загинатите од трагедијата во кабарето Пулс во Кочани, како и секоја сабота, и оваа ќе излезат на марш.
Со секој чекор што ќе го направат, тие ќе ја оддадат почит на своите ангели, а секој поглед кон небото ќе потсетува дека таму се нивните најмили.
Маршот започнува во 15:05 часот во Паркот на револуцијата во Кочани, продолжува преку УЈП и МВР, со кратка блокада на Двојниот мост, потоа пред Основниот суд во Кочани, и завршува повторно во Паркот на револуцијата, местото од каде тргнаа.
„Ние не бараме ништо повеќе од вистинска правда – за нашите деца, за сите што ги нема, и за идните генерации кои ќе живеат во оваа земја“, велат родителите.
Тие повикуваат граѓаните да се придружат со достоинство и тишина, која зборува погласно од било какви зборови, за да го поддржат нивниот глас и совеста на општеството.