Во септември можно влошување на пандемијата – Филипче: Имаме план за таргетирани

Во зависност од епидемиолошката состојба, локално по претходен план и таргет Министерството за здравство ќе воведува рестриктивни мерки во есенско-зимскиот перид, најави министерот за здравство Венко Филипче во интервју за ТВ21.

Се вчитува...

Дали се планира евентуално некакво воведување на рестриктивни мерки во крајот на есента и почетокот на зимата, локално?

„Имаме таков план и тие мерки се таргетирани и локални. Во општината, населеното место, некој економски субјект, компанија итн. Доколку се оцени дека има потреба да се интервенира во смисла на намалување на работното време на угостителските објекти или затворање на некои фабрики поголеми ние имаме подготвен план“, посочи Филипче.

Засега овие таргетирани мерки за Министерството за здравство се доволни. Со почетокот на месец септември се зголемуваат и ризик факторите за влошување на епидемијата.

„Можно е да има поголем притисок во инфективните одделенија, таму каде што сега се лекуваат пациентите и од сезонски грип и од ковид. Морам да потенцирам дека превентивните мерки на заштита, маска, дистанцата сепак штитат од сите болести кои се штитат на тој начин“, изјави Филипче.

Но како да препознаеме дали станува збор за сезонски или пак коронавирус?

„Мора да се консултира матичен лекар или за деца матичниот педијатар. Докторите имаат искуство како се манифестира оваа болест предизвикана од коронавирусот“, додава Филипче.

Продолженото породилно отсуство по отворањето на градинките ќе заврши, по што сите мајки ќе треба да се вратата на работа.

Најмалите кои ќе одат во градинка пак нема да носат заштитни маски.

.

Извор: ТВ21