На 29.01.2026 во 05:00 часот во с.Љубин, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.У.С.(23), О.Т.С.(19), О.Т.(18) и У.А.Е.(18), сите од Р. Турција. Кај О.Т. се пронајдени и одземени кокаин и марихуана, кај У.А.Е. се пронајдени и одземени метален боксирач и нож, а заедно со Ј.У.С. и О.Т.С. се обиделе да избегаат со патничко возило кога ги виделе полициските службеници, но биле спречени во намерата.
По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
