Сончево и топло ќе биде во следните два дена, а потоа следува нов бран на дожд и грмежи. Утре и во понеделник ќе биде сончево, додека потоа следува преодно наоблачување со локални врнежи од дожд на места поројни со услови за појава на грмежи.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре преку ден ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб ветер. Утрото ќе биде посвежо.
Минималната температура ќе се движи од 13 степени, а максималната од 18 до 28 степени.

