Живот

Во Софија се отвора Музеј на ракијата

Во Софија се отвора Музеј на ракијата

Во центарот на Софија се отвора Музеј на ракијата. Посетителите ќе можат да вкусат различни видови од овој традиционален балкански алкохолен пијалак.

– Крајно време беше Бугарија да добие ваков музеј… (Посветен, б.п.) на овој „свет напиток“ за Бугарите. Дури и малку доцниме со ова отворање, изјави иницијаторот на оваа идеја, Иво Жеглов, за тамошните медиуми.

Тој вели и дека секој што ќе реши да го мине прагот на овој музеј ќе може да се запознае со технологијата на варење ракија и со традициите на нејзино консумирање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни